Thursday, May 23, 2013

Дијагноза и третман на миомот


Дијагнозата на миомот се поставува врз основа на детален гинеколошки преглед и со трансвагинален ултразвучен преглед. Доколку миомите не предизвикуваат поинтензивни тегоби, доволни се само редовни рутински гинеколошки контроли. 
Во текот на бременоста, со оглед на зголеменото ниво на естрогенот, постоечките миоми можат брзо да растат. Поради тоа, миомите често може да бидат причина за спонтани абортуси или за неплодност, зависно од локализацијата на миомот. Во менопаузата, со престанокот на функцијата на јајчниците и смалената продукција на половите хормони, обично миомите целосно се повлекуваат.
Дали ќе има потреба од третман на миомот се одлучува врз основа на тоа дали тој предизвикува нелагодност, од возраста на пациентката и од тоа дали таа има намера да раѓа. Кај повеќето од миомите нема потреба од никаква интервенција. 
Медикаменти
Понекогаш во случај на болка се даваат медикаменти од типот на ибупрофен. Доколку жената има јаки крварења се дава и железо за да не дојде до анемија. Понекогаш се препишуваат и орални контрацептиви, кои го намалуваат крварењето и го спречуваат растот на миомите. Истото може да се постигне и со давање на прогестерон во вид на инекции.
Хируршки интервенции
Миомектомија - оперативен зафат при кој се отсрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво. Се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат. Миомектомијата може да се изврши како класична операција на стомакот, лапароскопски или хистероскопски. Изборот на видот на операцијата зависни од местоположбата и големината на миомот. Негативна страна е што после операцијата може да се појават нови миоми.

Хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка. Оваа операција е единствена сигурна гаранција дека миомите нема повторно да се појават. Се прави во случај на големи миоми со тешки крварења, ако жената нема намера веќе да раѓа деца и ако не се наоѓа близу до менопаузата. Може да се изврши како класична операција или во случај на помал миом и лапароскопски.

Ендометријална аблација – се уништува ендометриумот. После оваа операција кај половина од жените веќе не се јавува крварење, а кај повеќето од останатите е многу намалено. Негативна страна е што после овој зафат, жената повеќе не може да раѓа.
Миолиза – во миомот се внесува посебна игла и со пуштање на електрична струја или замрзнување миомот се уништува. Обично операцијата е лапароскопска.
Емболизација на миомот – многу мали парченца пластика или гел се внесуваат во крвниот сад кој го снабдува со крв миомот и се спречува дотокот на крв. Тоа предизвикува миомот да се намали. Се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат.
А исто така се прави и  хемотерапијарадиоактивно зрачење.

No comments:

Post a Comment