Thursday, May 23, 2013

Што се тоа миоми на матка



Миомите се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката.              
Може да се јават поединечно, во пар или пак во гроздови.
Големината на миомот може да варира во дијаметар од неколку милиметри па се до 20-30 см и тежина од повеќе килограми.
Се јавуваат кај 20 - 50% од сите жени.Миомите растат на различни места и делови на матката. Освен што можат да бидат локализирани на самото тело на матката, миомите може да се локализирани и во грлото на матката.

Поделба на миомите спрема местото на кое се наоѓаат


Субсерозен миом (миом кој е локализиран на самата површина на матката и е покриен со серозната обвивка), Ако се големи и притискаат на бешиката можат да предизвикаат проблеми со мокрењето, ако се на задниот дел од матката можат да предизвикаат болки во долниот дел од грбот, ако пак притискаат на ректумот можат да предизвикаат опстипација.
Интрамурален миом (миом кој расте во внатрешноста на sидот на матката),
Субмукозен миом (миом кој расте под слузницата на матката). Можат да бидат причина за тешки или продолжени крварења.
Во посебна група ги издвојуваме петелкастите миоми – растат на петелка (дршка), можат да се наоѓаат во матката или надвор од неа. Миомите на петелка се најчесто субсерозни миоми кои се прицврстени за матката со потенка или подебела петелка. Миом кој „се раѓа“ е субмукозен миом на петелка кои излегува низ грлото на матката во вагината, па може да се види со обичен гинеколошки преглед.

Ризик фактори за миоми на матка


Возраста -Миомите најчесто се јавуваат од 35 год. до менопаузата. 
После менопаузата најчесто атрофираат. Ова се случува затоа што на нивниот раст влијаат хормоните прогестерон и естроген. Во менопаузата хормоните се намалуваат, па со тоа и миомите.
Наследен фактор -Ако во Вашето семејство има некој кој боледува од оваа болест, има поголеми шанси и самите да заболите
Дебелина- Кај жените со преголема телесна тежина, зачестеноста на миомите е 2-3 пати поголема. 
Навики во исхраната- Миомите почесто се јавуваат кај жени кои јадат многу црвено месо.

Симптоми при миоми на матката


Миомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински гинеколошки  прегледи. Но најчестите симптоми кои ги предизвикуваат се :
* најчест е метрорагијата (неправилно крварење од матка).
* една третина од пациентките со миом, чувствува болка и тоа како дисменореа (болни
менструации), диспареунија (болки при сексуален однос), напнатост во мала карлица или силна нагла болка заради некроза или торзија (увртување) на висечки миоми пратена со акутен абдомен а ако некротичните миоми се инфицираат може да предизвикаат високи, септички температури.
зачестено мокрење поради притисок на мочен меур, делумна или целосна опструкција на уретерот што се манифестира како бубрежна болка.
* неплодност, што е случај кај околу 3% од неплодни пациентки.
* запек, што е резултат на притисок на голем миом на ректо-сигмоидниот дел на дебело црево.
* јака болка и обилно крварење.
* венска стаза и тромбофлебити поради притисок на вените во мала карлица.
* спонатни абортуси, кои се два пати почести кај жени со миоми.

Дијагноза и третман на миомот


Дијагнозата на миомот се поставува врз основа на детален гинеколошки преглед и со трансвагинален ултразвучен преглед. Доколку миомите не предизвикуваат поинтензивни тегоби, доволни се само редовни рутински гинеколошки контроли. 
Во текот на бременоста, со оглед на зголеменото ниво на естрогенот, постоечките миоми можат брзо да растат. Поради тоа, миомите често може да бидат причина за спонтани абортуси или за неплодност, зависно од локализацијата на миомот. Во менопаузата, со престанокот на функцијата на јајчниците и смалената продукција на половите хормони, обично миомите целосно се повлекуваат.
Дали ќе има потреба од третман на миомот се одлучува врз основа на тоа дали тој предизвикува нелагодност, од возраста на пациентката и од тоа дали таа има намера да раѓа. Кај повеќето од миомите нема потреба од никаква интервенција. 
Медикаменти
Понекогаш во случај на болка се даваат медикаменти од типот на ибупрофен. Доколку жената има јаки крварења се дава и железо за да не дојде до анемија. Понекогаш се препишуваат и орални контрацептиви, кои го намалуваат крварењето и го спречуваат растот на миомите. Истото може да се постигне и со давање на прогестерон во вид на инекции.
Хируршки интервенции
Миомектомија - оперативен зафат при кој се отсрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво. Се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат. Миомектомијата може да се изврши како класична операција на стомакот, лапароскопски или хистероскопски. Изборот на видот на операцијата зависни од местоположбата и големината на миомот. Негативна страна е што после операцијата може да се појават нови миоми.

Хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка. Оваа операција е единствена сигурна гаранција дека миомите нема повторно да се појават. Се прави во случај на големи миоми со тешки крварења, ако жената нема намера веќе да раѓа деца и ако не се наоѓа близу до менопаузата. Може да се изврши како класична операција или во случај на помал миом и лапароскопски.

Ендометријална аблација – се уништува ендометриумот. После оваа операција кај половина од жените веќе не се јавува крварење, а кај повеќето од останатите е многу намалено. Негативна страна е што после овој зафат, жената повеќе не може да раѓа.
Миолиза – во миомот се внесува посебна игла и со пуштање на електрична струја или замрзнување миомот се уништува. Обично операцијата е лапароскопска.
Емболизација на миомот – многу мали парченца пластика или гел се внесуваат во крвниот сад кој го снабдува со крв миомот и се спречува дотокот на крв. Тоа предизвикува миомот да се намали. Се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат.
А исто така се прави и  хемотерапијарадиоактивно зрачење.

Миомите – причина за неплодност и миомите за време на бременоста



Ако миомот е единствената причина за неплодност, по неговото отстранување, 40% од жените забременуваат. 
Ако постои миомот пред и за време на бременоста, во вториот и третиот триместар може да биде значително зголемен, а тоа предизвикува компликации како спонтан абортус или предвремено породување.
За време на абортусот, миомите го отежнуваат или потполно ја спречуваат контракцијата на матката па поради тоа плодот не може да се истисни од матката, што предизвикува промени во позицијата на детето во утробата, така што бременоста завршува со царски рез. Можни се компликации по породувањето бидејќи тогаш миомот почнува обилно да крвари и жената е во животна опасност.

Кога операцијата е неопходна?


*Ако туморот е значително зголемен, а постои и можност дa се појави некроза или малигна промена.
*Ако се констатираат дегенеративни промени во туморот.
*Ако туморот расте брзо.
*Ако не можете да се утврди дали на туморот му припаѓа на матката или јајниците.
*Ако миомот предизвикува неплодност или спонтан абортус.